Утрински Весник
Спорт

Квадрадо се сели во Интер како дел од договорот со Икарди?

Јувентус ќе го продолжи договорот со Куадрадо

Милано, 13 април 2020 (МИА) – Интер ќе се обиде да го привлече крилото на италијанскиот хегемон Јувентус, Хуан Квадрадо, пренесува „Калчомеркато“.

Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте лично инсистира на зајакнување со колумбискиот репрезентативец. Стратегот го напушти Торино пред неколку години, затоа што тогаш „старата дама“ одби да го донесе Куадрадо, што подоцна и се случи.

Но, сега ситуацијата е поинаква. Интер планира да го вклучи халфот како дел од договорот со Мауро Икарди. Тој веќе подолго време е посакуван од Јуве, што може да ги искуши „бјанконерите“.

Квадрадо има договор до 2022 година. Во текот на оваа сезона, Маурисио Сари го искористи главно како десен бек, но неговата сила е во нападот.

Пред да сопре фудбалот поради пандемијата од коронавирус, Колумбиецот одигра 32 натпревари на сите турнири. Тој постигна 2 гола и 4 асистенции.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига