Утрински Весник
Сцена

Кајли Џенер со 590 милиони долари е најплатената славна личност на листата на „Форбс“

Кој најмногу заработува на Инстаграм?

Лос Анџелес,  6 јуни 2020 (/)  – Кајли Џенер се најде на врвот на листата на најплатени славни личности што секоја година ги објавува списанието „Форбс“.

Списанието неодамна и ја одзеде титулата најмлад милијардер во светот и нејзиното семејство го обвини дека вештачки ја зголемува вредноста на нејзиниот козметички бренд, но таа сепак се најде повторно на врвот.

Кајли е на првото место со заработка од 590 милиони долари, речиси три пати повеќе од нејзиниот зет Кање Вест, кој заработи „само“ 170 милиони долари.

На третото место се најде Роџер Федерер со заработка од 106,3 милиони, а потоа следат Роналдо со 105 и Меси со 104 милиони.

На шестото место е актерот Тајлер Пери со заработка од 97 милиони долари,  следен е Нејмар со 95,5,  Хауард Стерн со 90,  Леброн Џејмс  со 88,2 и Двејн „Рок“ Џонсон со 87,5 милиони долари.

Кајли заработи повеќе од Вест, Федерер и Роналдо заедно, а причината за тоа е продажба на 51 отсто од акциите во нејзината козметичка куќа „Коти“ за што доби 600 милиони долари.

Во моментов, вредноста на нејзиниот имот, според „Форбс“, се проценува на 900 милиони долари. сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка