Утрински Весник
Спорт

Во Германија, клубовите до крајот на сезоната нема да се казнуваат за однесувањето на навивачите

Во Германија, клубовите до крајот на сезоната нема да се казнуваат за однесувањето на навивачите

Берлин, 6 јуни 2020 (МИА) – Германската фудбалска асоцијација одлучи да ги прекине сите постапки во врска со однесувањето на навивачите на трибините, пренесува „Кикер“.

Оваа одлука е донесена во насока на поддршка за германските екипи среде финансиската криза што беше предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Така, сите случаи, разгледувањето на кои може да им се закани на клубовите со парични казни, се затворени и нема да бидат повторно отворени. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера