Утрински Весник
Магазин

Кајли Џенер рекламира колекција за капење

Кајли Џенер малку ѝ остава на фантазијата во виолетово боди во најнова фотосесија со која ја промовира сопствената колекција за капење „Кајли скин“.

Продолжувајќи да се забавува и воедно да го рекламира својот најнов производ од сопствениот бренд, Кајли Џенер во вторникот се огласи на Инстаграм со нови фотографии.

Мајката на две деца (24) го привлече вниманието со две фотографии објавени на официјалната инстаграм-страница на нејзиниот бренд „Кајли скин“.

Во објавата, таа споделува информации за новиот пенлив раствор за капење: „Нашиот пенлив раствор од лаванда е формулиран со масло од камилица, масло од лаванда, кокосово масло, шиа путер и витамин Е за да направи вашата кожа да се чувствува мека и нахранета“.

Можете да прочитате

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија