Утрински Весник
Македонија

Кафе-барот „Интермецо“ доби кривична од општина Центар: „Досега се казнети со 12.000 евра“

Кафе-барот „Интермецо“ доби кривична од општина Центар: „Досега се казнети со 12.000 евра“

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес во Основното јавно обвинителство ја поднесе кривичната пријава против Димитрије Јовановиќ, управител на скопскиот кафе-бар „Интермецо“.

Кривичната пријава против Јовановиќ е поднесена за сторено кривично дело – симнување или оштетување на службен печат или знак што го ставило овластено лице заради осигурување на предмет или просторија.

„Општина Центар, на барање на жителите кои живеат во овој дел од општината, неколку пати претходно го опоменуваше и санкционираше кафе-барот ‘Интермецо’ за прекршување на Законот за заштита на животната средина во однос на надминувањето на дозволеното ниво на бучава. На кафулето„Интермецо“ досега поради гласна музика и бучава му беше изречена една мандатна глоба во висина од 6.000 евра, потоа откако кафе барот продолжи со непочитување на законските мерки, Општина Центар му изрече уште една глоба од 6.000 евра и му забрани да врши угостителска дејност во траење од 30 дена“, се наведува во соопштението од Општината.

Во него се додава и дека откако локалот бил затворен, вработените незаконски ја тргнале службената пломба на влезот и веќе истиот ден „Интермецо“ продолжил со работа.

Кривичната пријава до ОЈО општината ја поднесува сѐ со цел обвинителството да ги преземе сите потребни дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба со кршењето на законот од страна на кафе барот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано 

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице