Утрински Весник
Свет

Касперски: Можно е зад нападот на „Колонијал пајплајн“ да стојат хакери на ЦИА

Касперски: Можно е зад нападот на „Колонијал пајплајн“ да стојат хакери на ЦИА
Img 5587

Кибернетскиот напад што го осакати снабдувањето со гориво на источниот брег на САД и ги зголеми цените на бензинот можеби е инсајдерска работа спроведена од американски измамници, а не од странски хакери, тврди истакнат руски ИТ-експерт.

Наталија Касперски, основач и поранешен извршен директор на фирмата за безбедносен софтвер „Касперски лаб“, ги посочи експлозивните сомнежи во интервју за РИА Новости. Таа тврди дека ЦИА има тим од ‘дигитални воини’ кои можат да се маскираат како странски хакерски групи.

Img 5587

Според Касперски, групата позната како UMBRAGE е вешта во криењето на своите траги на интернет.

Постоењето на тимот најпрво излезе на виделина во низа документи објавени од „Викиликс“ во 2017 година. Во тоа време, американските медиуми пишуваа дека операторите во сенка каталогизирале хакерски методи од странски хакери, вклучително и од Русија, што ќе ѝ овозможи на ЦИА да го маскира својот идентитет користејќи го методот за време на шпионажата.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека нападот врз американската инфраструктура бил изведен од странство.

„Ние не веруваме дека руската влада е вклучена во овој напад, но имаме силна причина да веруваме дека криминалците кои го извршија нападот живеат во Русија, од каде потекнуваат“, рече тој.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина