Утрински Весник
Магазин

Каскадери во опасен скок од облакодер, дел од акцијата во „Матрикс 4“

Каскадери во опасен скок од облакодер, дел од акцијата во „Матрикс 4“

Двојници каскадери беа снимени како скокаат од облакодер додека изведуваат подвизи за да ѝ пркосат на смртта во претстојното четврто продолжение од научно-фантастичниот серијал „Матрикс“.

На видеото, снимено од посматрачи во Сан Франциско, се гледаат двојниците како бестрашно скокаат од високата зграда, рака под рака.

Храбрите изведувачи се прицврстени на жици додека скокаат од работ на зградата, и потоа полека се спуштат со лебдење на кровот на пониска зграда.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нина Талеска освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп во Полска

Плаќале за секоја убиена змија кобра, а граѓаните почнале да ги одгледуваат дома – приказна за одлука што се вратила како бумеранг

Заборавил „Покемон“ картички на таван, а потоа ги продал за 1,56 милиони фунти