Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано, ја коментирал актуелната ситуација во која се наоѓа Јувентус. Најтрофејниот италијански клуб, во петтото коло ја забележа првата победа во Серија А.
„Јуве против Специја одигра ужасен натпревар. Цело време беа под притисок. Доколку Специја постигнеше гол за 3:1, натпреварот ќе беше готов. Јуве е тим кој е 50 пати поскап од Специја“, рекол Касано.
„Не го разбирам начинот на кој се обидува да игра Алегри. Тоа ме загрижува. Победија, но тешко стигнаа до трите бода. Мислам дека немаат големи шанси да завршат меѓу најдобрите четири екипи во Италија, доколку продолжат вака да играат“.
Според Касано, во играта на Јувентус нема никаква идеја.
„Порано тука беа Роналдо, кој даде повеќе од 100 гола за три сезони и Игуаин, кој исто така постигна многу голови. Овој Јуве е во хаос, играчте се збунети. На среќа ја победија Специја“.
> Касано: Јувентус се во хаос <