Утрински Весник
Македонија

Карпош донира облека за социјално загрозените

Карпош донира облека за социјално загрозените
Dik 300x250 mk

Општинската администрација на Карпош спроведе хуманитарна активност за собирање на облека за социјално – загрозените лица и домаќинства кои живеат на територија на општината. Имено, изминативе десет дена вработените имаа можност да носат облека која повеќе не ја користат, но е во добра состојба.

Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја додели и својата донација на облека. Сите пакети со облека ќе бидат споделени со Црвениот крст, кој во понатамошна фаза ќе обезбеди дистрибуција на истите.

Основната цел е да се овозможи топла облека и подобри услови за поминување на зимскиот период, за бездомниците и граѓаните во социјален ризик.

Локалната самоуправа неодамна организираше и крводарителска акција, каде што 35 службеници донираа крв. Исто така, во рамки на деновите на Општина Карпош беа споделени 80 пакети (со прехранбени продукти и средства за хигиена) со социјално – загрозените домаќинства, а се помогна и на геронтолошкиот завод „13 Ноември“ и СОС „Детско село“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно