Утрински Весник
Македонија

Карантински мерки за дел од од скопските општини ако расте бројот на новозаразени од КОВИД-19

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час

 

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Скопските општини Сарај, Чаир, Бутел, Аеродром и Гази Баба, можно е да бидат ставени во карантин доколку во следните денови расте бројот на новозаразени граѓани од КОВИД-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција рече дека ваква одлука денеска не донеле, но ќе ги пратат бројките во следните денови и од почеток на следната недела ќе носат одлуки.

Воведувањето на карантинот, појасни, би било по примерот на Дебар, односно ограничување на движење во рамки на одреден дел од градот и земјата.

Филипче на почеток на следната недела ќе има одлука за отворање на границите, за државите кои најавија дека ќе ги отворат границите за нашата земја.

– Еден сериозен дел од ново дијагонстицираните пациенти по однос на анализата на епидемолошките анализи укажуваат дека мерките едноставно не се почитуват. Мора да се почитуваат мерките за да се враќаме во нормала, секаде во светот е тоа така, не може вечно да живееме со затворени граници. Огромна одговорност сега паѓа врз граѓаните и секако институциите коитреба да го контролират и санкционираат, изјави министерот Филипче.оџ/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност