Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести не одредува термин, туку протокол за одржување на изборите, вели Филипче

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека од Комисијата за заразни болести не било побарано да каже термин, туку протокол за одржување на изборите.

– Тоа што се бараше од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во однос на изборите е протокол за одржување на избори, односно тој медицински-епидемиолошки дел. Во ниту еден момент не се бараше од нас, ниту пак може да се бара термин за одржување на избори, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, додавајќи дека тие се надлежни да кажат во кој период на епидемиолошката крива сме, што се очекувањата и врз основа на што ги темелат, за да се одреди датумот на избори.

Тој вели дека новодијагностицираните се луѓе кои не ги почитувале мерките на превенција во момент кога имаше и полициски час.

Во моментов, додава Филипче, сосем е јасна епидемиолошката состојба и во однос на кластерите и во однос на начините на трансмисија.

– Тоа не значи дека нема да воведеме повторно некакви мерки, сега се размислува повеќе и за некои локализирани мерки и во насока на тоа ќе ги пратиме бројките и ќе ги правиме и анализите, рече Филипче. мс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мотоциклист тешко повреден во судир со автомобил на булеварот „Борис Трајковски“

Избрани петте книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци” на Струшките вечери на поезијата за 2026

Спасен маж кој се давел во Вардар, случаен минувач го забележал и го извлекол