Утрински Весник
Македонија

Како последица од Ковид-19 почина ортопедскиот хирург Драган Спасески

Како последица од Ковид-19 почина ортопедскиот хирург Драган Спасески

По кратко боледување како последица на коронавирусот, вчера во шеесеттата година од животот, почина докторот специјалист, ортопедски хирург Драган Спасески.

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид преку писмено соопштение изрази големо жалење поради загубата на својот долгогодишен доктор, истакнатиот македонски ортопед, поет и ликовен уметник, доктор Спасески.

Доктор Драган Спасески е роден на 22 јуни 1960 година во Охрид. Завршил Медицински факултет во Скопје.

„Колегите и пациентите ќе го паметат како исклучителен професионалец, вреден и посветен лекар, кој зрачеше со алтруизам. Самопожртвувано, низ секојдневна клиничка пракса им помагаше на пациентите, а со својот позитивен лик, енергичност и сестраност секогаш беше тука и за колегите, за професионална дискусија, личен разговор, совет и поддршка. Ќе биде запаметен и по неговиот општествен, хуманитарен ангажман како и по неговата пасија за уметноста, особено сликарството и поезијата“, се истакнува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје

ДУИ: Од 549 нови полицајци има помалку од 40 Албанци