Утрински Весник
Магазин

Како настанал гестот „покажување среден прст“ и колку долго се користи

Images Img 1445603645

Малкумина знаат како настанал гестот – покажување среден прст и колку долго се користи. Во прашање не се само стотици, туку илјади години.

Никој не може со сигурност да каже што оригиналниот „дрзок прст“ значи, но научниците прилично се сигурни дека тоа би требало да претставува пенис.

– Средниот прст е пенис, а двата свиткани прсти од страната претставуваат тестиси. Тоа е фалусен гест, вели познатиот антрополог, Дезмонд Морис  за Би-Би-Си.

Прва пишана трага за покажување на средниот прст ја оставил Аристофан во комедијата „Облаци“ од 424 година пред нашата ера.

Првиот човек кон кому официјално со средниот прст му е „испратенаl порака“ е филозофот Сократ, кон кого лик под името Стрепсијад му го покажува средниот прст покажувајќу му вкочанет пенис. Сократ во „Облаците“ е прикажан како некој кој ја расипува атинската младина.

Следниот пат „средниот“ прст се споменува во книгата „Животите и мислењата на познатите филозофи“ Диоген Лаерти во третиот век пред нашата ера и исто така е покажан кон еден филозоф.

Гестот се појавува во повеќе парчиња напишани во времето на стариот Рим, а според некои извори, озогласениот император Калигула ги повикува своите поданици наместо рацете да му го бакнуваат средниот прст со кој претходно сугестивно мавтал за повеќе да потсетува на пенис.

Во средниот век, средниот прст не се споменува во евиденцијата, но нема сомнение дека тој гест преживеал.

Познатиот американски професор по право Ајра П. Робинс, во својот труд од 2008 година посветен на правните аспекти на покажување на средниот прст, запишал дека гестот во Северна Америка се употребувал најдоцна од 1886 година.

Таа година „средниот“ прст го покажа познатиот бејзбол играч Чарлс Олд Хос Редбурн и тоа во објективот на камерата.

Неговата денешна популарност во целиот свет се должи на големото влијание на американската поп култура, филмовите, музиката и сериите.

– До пред 20 години средниот прст ништо не значеше во Јапонија или Кореја, а сега сите го знаат поради филмовите и сериите. Ако по Втората светска војна француската кинематографија станеше доминантна, ние најверојатно сите, наместо прстот би покажувале стисната рака, заклучува професорот Бенџмин Берген.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб