Утрински Весник
Македонија

Казни за 39 возачи на мотоцикли во Гостивар

Денеска по спроведена засилена акциска контрола на територијата на Гостивар за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле казнети 39 лица соопшти полицијата.

Од нив, 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и за други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите