Утрински Весник
Македонија

Казни за 130 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

304 санкции за брзо возење

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 130 возачи, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник

Заедничка акција на МВР и Шумската полиција – одземаат украдени огревни дрва во Арачиново

Полицајци вдишале чад при гасење пожар во обиен објект