Утрински Весник
Македонија

Казни за 1.143 лица кои не носеле маски, во изолација 905 лица, а 120 во самоизолација

Полицијата делеше маски во Струмица, но пишуваше и казни

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 1.143 прекршоци за граѓани кои не ја почитувале мерката за носење маски.

На територијата на Република Северна Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. ев/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава

МВР: Полицијата е на терен по невремето, во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер