Утрински Весник
Македонија

Казнети 339 возачи во Скопје од кои 108 за брзо возење

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се  22 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 108 возачи.

За технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 возачи. Исто така, казнети се и седум мотоциклисти, изречени се 73 мерки за непрописно паркирање и 84 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Во Собранието денес се избира нов послушник за Уставниот суд – стариот избега од одговорност, а Македонија повторно се задолжува

Клековски, Андовски, Перински и Касами со делегација на Светска банка во КБ Тетово: Подготвуваме значајна инвестиција во здравството на полошкиот регион

ДУИ: Уште еден странски инвеститор си заминува – Владата да одговори колку работни места се загрозени