Утрински Весник
Македонија

Казнети 27 мотоциклисти во Велес, зајакнати контроли во сите градови

Казнети 27 мотоциклисти во Велес, зајакнати контроли во сите градови

Полициски службеници во периодот од вчера од 18 часот до 03 часот утрово на територијата на Велес спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од мотоциклисти.

Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци.

Покрај во Велес, во текот на изминатото деноноќие во Скопје биле санкционирани 384 учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи најави дека ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?