Утрински Весник
Македонија

Казнети 213 возачи во Скопје

Казнети 213 возачи во Скопје

Полицијата за еден ден казнила 213 возачи во Скопје за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон, исто толку санкции за некористење на сигурносен појас и 11 за минување на црвено светло.

Казнети се и 74 возачи за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило. За неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот

18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција