Утрински Весник
Македонија

Казна за охриѓанка која не ја почитувала мерката за домашна изолација

Казна за охриѓанка која не ја почитувала мерката за домашна изолација

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 45 – годишна охриѓанка, која не постапила според донесено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со кое и била определена задолжителна домашна изолација со датум на започнување од 15 мај 2020 година. При проверка од надлежните органи, на 17 мај, обвинетата не била затекната во домот.

-Обвинетата со своите дејствија го извршила кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното, обвинителството му предложи на судот на обвинетата да и изрече парична казна од 100 дневни глоби, со определување на секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска противвредност, информираат од ЈОРМ. сст/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница