Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Казахстан, Узбекистан и Киргистан без струја

Казахстан, Узбекистан и Киргистан без струја
300x250 opst2

Властите и граѓаните на земјите од Централна Азија – Казахстан, Узбекистан и Киргистан – денеска известија за прекин на електричната енергија во поголемите градови, но причината е непозната.

Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а Казахстан е поврзан и со руската електрична мрежа, која може да ја користи за покривање на ненадејниот прекин на струја, пренесува Ројтерс.

Во Казахстан, прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени во најголемиот град Алмати и неколку поголеми градови на југот на земјата, во близина на границата со Узбекистан и Киргистан, пренесува Танјуг.

Најавено е дека не работат високонапонските далноводи кои го поврзуваат главниот град Алмати со делови од електричниот систем на северот и југот на земјата.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа