Утрински Весник
Спорт

Кадровски проблеми за Ангеловски пред мечот во Естонија

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе гостува во Талин кај Естонија во рамките на третото коло во Лигата на нации. Во првите две кола во групата Македонија ја победи Ерменија со 2:1 и одигра 1:1 во Грузија.

Во пресрет на пресметката со Естонците селекторот на националниот тим Игор Ангеловски се соочува со кадровски проблеми. Поради повреди кои ги заработија на дуелот со Косово против Естонија нема да играат Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски.

Под знак прашалник е и настапот на Стефан Ристовски.

ФОТО/FFM.mk

> Кадровски проблеми за Ангеловски пред мечот во Естонија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград