Утрински Весник
Спорт

Кадетките победија во Литванија и обезбедија место на ЕП

Кадетките победија во Литванија и обезбедија место на ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација до 17 години, славеше на ЕХФ Шампионатот во Литванија, откако со 27:26 го победија Исланд и се пласираа на Европското првенство.

Исланѓанките почнаа подобро со 3:1 водство, но до крајот на првото полувреме нашите девојки ја вратија предноста и водеа со 11:9, иако на одмор се отиде со 12:12. Исланд повторно поведе, по што беше неизвесно до самиот крај, кога во 51. минута, Македонија имаше 21:19 предност, која се зголеми на 26:23 на две минути пред крајот.

Теодора Дукоска беше најефикасна со 11 гола, Ризоска додаде 7, а Коцева 5.

Фото: РФМ

> Кадетките победија во Литванија и обезбедија место на ЕП <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026