Утрински Весник
Македонија

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што се’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата евроинтеграција продолжуваат, истакна шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Тој образложи дека комуникацијата се одвива на ниво на министерствата за надворешни работи на двете земји.

Според Османи, важно е што побрзо да се затвори прашањето и да не се остави комуникациски јаз.

Министерот додаде дека основа на разговорите останува предлогот даден за време на германското претседателство, кој е сличен со тој на португалскиот, а што сега го презеде Словенија како актуелен претседавач со Унијата.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи денска престојува во посета на Бугарија, каде тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Северна Македонија.

Можете да прочитате

21-годишник паднал од отворен прозорец на „Aуди“, тешко е повреден

Полициска акција: Пет килограми марихуана кај татко и син, амфетамин, ЛСД и стотици таблети во подрум

Западнонилската треска се шири во Македонија – Осум случаи, сите заболени развиле тешка форма