Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Намалување на бројот на смртни случаи и процентот на позитивни од тестирани

ИЈЗ: Намалување на бројот на смртни случаи и процентот на позитивни од тестирани

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари тестирани се вкупно 13.022 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 20,8% во однос на минатата недела.

Регистриран e 2.471 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.140; 46,1%), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=622, 25,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=470; 19,0%), 50-59 (n=455; 18,4%), 30-39 (n=455; 18,4%) и 20-29 (n=330; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=39; 1,6%) и 10-19 години (n=100; 4,0%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.460 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8% повеќе во споредба со минатата недела.

Во периодот на известување, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лицa биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани