Утрински Весник
Свет

Итно хоспитализиран Милош Земан

Итно хоспитализиран Милош Земан
Img 5587

Претседателот на Чешка, Милош Земан, од засега непознати причини, денеска беше пренесен во воената болница во Прага, пишуваат медиумите во таа земја.

Воената болница потврди дека Земан е хоспитализиран, но одби да коментира зошто тој е однесен таму како и неофицијалните информации од весникот „Право“ дека станува збор за потребата од подолго лекување.

Ss1

Портпаролот на Земан, исто така, одби било каков коментар за медиумите, додека неговиот советник, рече дека наводно слушнал дека претседателот закажува редовна контрола.

Случајно, според написите на медиумите, поранешниот претседател Вацлав Клаус се најде во таа институција поради проблеми со висок крвен притисок.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема