Утрински Весник
Свет

Италија размислува за производство на сопствена вакцина против корона

Италија размислува за производство на сопствена вакцина против корона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанската влада денеска повторно навести дека може да инвестира во производството на вакцина против коронавирус од компанијата „Реитера“ со финансирање на третата фаза од клиничките испитувања, и покрај одлуката на судот со која се одбива планот за инвестирање на јавни средства во таа локална компанија за биотехнологија.

Според „Ројтерс“, италијанскиот државен суд за ревизија денес се спротивставил на финансирањето на проектот со пари од јавниот буџет, што ја носи неговата реализација во неизвесност.

Судот соопшти дека од 50 милиони евра државни пари кои биле директно резервирани за проектот, многу малку биле наменети за истражување и производство на вакцината, а многу повеќе за општо зајакнување на компанијата.

Министерот за индустрија Џанкарло Џорџети рече дека Министерството е подготвено да го поддржи проектот за производство на вакцини од „Реитера“ на законски пропишан начин.

Можете да прочитате

Зеленски: Украинците сонуваат за мир и за крај на Путин

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарскиот олош

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн