Утрински Весник
Свет

Италија бележи се повеќе новозаразени со Ковид-19 – денес 55.000 нови случаи

Италија бележи се повеќе новозаразени со Ковид-19 – денес 55.000 нови случаи

Во Италија трет ден по ред рекорди по бројот на новозаразени со коронавирус – речиси 55.000 нови случаи. Италија потврди повеќе од 136.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19 од избувнувањето.

Италија е првата членка на ЕУ која воведе сертификат за Ковид за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, а пред неколку недели беше и прва што воведе задолжителен негативен тест за граѓаните на Унијата кои имаат сертификат за Ковид, а од тогаш уште десетици земји го направија тоа.

Владата планира наскоро да ги заостри дополнителните мерки, вклучително и намалување на времетраењето на сертификатите за Ковид од девет на шест месеци, а некои региони веќе тргнаа во таа насока – покраината Лацио воведе обврска за носење маски на отворено пред два дена.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид