Утрински Весник
Свет

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа потребните 500.000 потписи за референдум за само седум дена.

„Ова е голем ден, не само за организаторите, туку и за граѓаните “, рече поборничката за легализација, поранешна италијанска министерка и еврокомесарка Ема Бонино.

Организаторите имаа рок до крајот на септември да соберат потписи, но на нив им требаше само една недела за да стигнат до целната линија. Сепак, граѓаните беа повикани и понатаму да продолжат да го потпишуваат барањето.

Сега Италијанскиот касационен суд, највисокиот суд во земјата, ќе одлучува дали се исполнети сите формални услови за референдум. Италијанците би можеле да гласаат за тоа веќе следната пролет.

Можете да прочитате

Крвав масакр во САД: Деветмина мртви, меѓу нив две мали деца и бремена жена

Медведев по апсењето во Црна Гора: Можеме да го прошириме списокот на уапсени Европејци

Силен ураган му се заканува на Мексико