Утрински Весник
Свет

Италијанскиот премиер Марио Драги поднесува оставка

Премиерот на Италија, Марио Драги изјавил дека ќе се повлече од премиерската функција, откако партија од неговата владејачка коалиција не учествуваше во гласањето за доверба на неговата влада, јави „Ла Република“.

dobivaj vesti na viber

„Попладнево ќе ја поднесам мојата оставка до претседателот на Италија“ изјавил Драги и подвлекол дека „Коалицијата за национално единство“ која досега ја водеше земјата, веќе „не постои“.

Одлуката на коалициската партија 5-ѕвезди да го бојкотира гласањето за доверба ја стави Италија во политичка неизвесност и ризикуваше да ги поткопа напорите за обезбедување милијарди евра од фондовите на Европската унија за справувањето со штетната суша и намалувањето на нејзината зависност од рускиот гас, пишува „Ројтерс“.

Драги претходно изјави дека не планира да ја води Владата без партијата 5-ѕвезди, која се постави како најголема партија на претходните избори во 2018 година.

Сега, по ова Италија може да има избори во септември или октомври годинава.

Можете да прочитате

Експерт за демографија: „Не можете да ги подмитите луѓето да имаат деца“

ЕК предлага зголемување на таксата за безвизно патување од 7 на 20 евра

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија