Утрински Весник
Спорт

Италијанската влада ќе ја откаже сезоната, ако не се постигне договор со фудбалската федерација

Калчолигашите предлагаат да нема изпаѓање оваа сезона и да се прошири лигата на 22 екипи

Рим, 1 мај 2020 (МИА) – Италијанската влада ќе ја откаже фудбалската сезона, освен ако не се донесе прифатлива одлука со италијанската фудбалска федерација.

– Деновиве, владините службеници се состануваат да заседаваат за спортот и фудбалот. Доколку се договорат, тренинзите ќе бидат продолжени. Потоа, можна е обнова на првенствата. Во друг случај, владата ќе треба сама да одлучи, изјави министерот за спорт во Италија, Винченцо Спадафор.

Првенството во Италија беше стопирано во март заради пандемијата на коронавирус.

До крајот на сезоната во Серија А остануваат 12 кола. Тимовите ќе загубат повеќе од 700 милиони евра ако првенството не се доигра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство