Утрински Весник
Свет

Истражување: Намалена продажбата на шминки за време на пандемијата

Истражување: Намалена продажбата на шминки за време на пандемијата

Најновото истражување на компанијата „Нилсен“, глобална компанија за испитување на јавното мислење, покажува дека поради мерките на ограничувања за време на пандемијата, купувањето козметички производи, шминка за лице, пред сè, драстично опадна.

Според весникот „Ил манифест“, набавката на кармини е намалена за 24 отсто на светско ниво, а продажбата на шминка за очи е намалена за 10 отсто.

Оваа разлика, според авторот на статијата, може да се објасни со фактот дека под заштитната маска, карминот на усните може да предизвика само штета, се размачкува на лицето и ја валка маската, а устата намачкана со кармин и така не се гледа.

Од јануари до јуни годинава, продажбата на кармини е намалена за цели 60 отсто, а во исто време е продадено речиси 30 отсто помалку шминка за очи отколку во истиот период минатата година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драстичен скок на цените на нафтата по најновите напади на САД и одговорот на Иран

Руски дрон влегол на молдавска територија, паднал и експлодирал

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите