Утрински Весник
Македонија

Истрага против двајца гостиварци за продажба на дрога

Со наредба за спроведување истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, гостиварци на возраст од 50 и 34 години, заради неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

По оперативни сознанија и преземени мерки, полицијата на 5 ноември 2020 година, во 22.30 часот го забележале возилото во кое двајцата соизвршители ја превезувале дрогата. Откако осомничените ги виделе службените лица , кај местото викано Врапчишка петља, со возилото се дале во бегство. По околу 300 метри, едно од осомничените лица преку прозорот на возилото фрлил пластично полиетиленско пакување во кое имало 29,65 грама хероин.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот е прифатен од судот, кој на осомничените им определи притвор од по 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кривични пријави за инвеститор и општинска инспекторка поради уривање на заштитен објект во Куманово

Д-р Агаи: Нов живот може да почне ако и дадеме шанса на трансплантацијата на органи

Јавното обвинителство презентира нова комуникациска стратегија, најавува проактивна комуникација и враќање на довербата