Утрински Весник
Свет

Исламска држава ги повикува борците да ја искористат војната во Украина за да ја нападнат Европа

Исламска држава ги повикува борците да ја искористат војната во Украина за да ја нападнат Европа

Терористичката група Исламска држава ги повика своите борци на одмазда за убиството на нивните водачи и да ја искористат руската инвазија на Украина за да ја нападнат Европа.

Новиот портпарол на терористите Абу Омар ал-Мухаџир повика на одмазда за смртта на Абу Ибрахим ал-Хашими ал Курајш и шеикот ал-Мухаџир Абу Хамза ал Кураш во аудио порака на мрежата Телеграм доцна во неделата.

Мухаџир ги повика џихадистите да продолжат со нападите врз Европа за време на руската инвазија, изразувајќи надеж дека конфликтот нема да престане додека „крстоносците не изгорат и нивните територии не се распаднат“.

„До сите лавови на калифатот и борците на Исламската држава насекаде, aко нападнете, нападнете силно за да предизвикате болка и тероризирате“, рече портпаролот.

Во март, Исламската држава ја потврди смртта на својот поранешен лидер Ал Курајши и назначи нов лидер Абу ал Хасан ал Хашими.

Абу Ибрахим ал Курајш беше убиен на почетокот на февруари во американска операција во северозападна Сирија.

Тој стана лидер на Исламската држава по смртта на Абу Бакр ал Багдади, долгогодишниот лидер, во октомври 2019 година.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега