Утрински Весник
Спорт

Иско од јануари во Евертон?

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Евертон, на чија клупа седи Карло Анчелоти, ќе се обиде да го обезбеди потписот на Иско, во јануарскиот преоден рок. Минатото лето, на Гудисон, од Реал Мадрид се пресели Хамес Родригез.

Шпанските медиуми тврдат дека Евертон за услугите на Иско, на Реал, ќе им понудат 20.000.000 фунти. Од Гудисон очекуваат Реал да ја прифатат оваа понуда, прашање е само дали фудбалерот сака да се пресели во Премиер лигата.

Од почетокот на сеозната Иско настапил на шест натпревари во Ла Лига, додека трите натпревари во Лигата на шампионите ги гледал од клупата за резерви.

Иско за 30.000.000 евра, во 2013 година, од Малага пристигна во Реал. Неговиот договор истекува во јуни 2022 година.

> Иско од јануари во Евертон? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја