Утрински Весник
Магазин

Ирски актер нов фаворит за наследник на Даниел Крејг како 007

Ирски актер нов фаворит за наследник на Даниел Крејг како 007

Двајцата најсериозни кандидати да го глумат најдобриот агент во светот Џејсмс Бонд досега беа Сем Хјуган и Џејмс Нортон. Но, една ирски актер, кој претходно беше главен фаворит, се враќа во игра.

Во екот на популарноста на драмската серија „Полдарк“ со Ејдан Тарнер во главната улога, се говореше дека тој е совршена замена за Крејг.

Тој сосема неочекувано се врати во трката, најверојатно благодарение на најновата серија „Леонардо“ за славниот италијански генијалец Леонардо да Винчи.

Портпарол на британската обложувалница „Ледброкс“ изјави за „Експрес онлајн“ дека трката за замена на Даниел Крејг добро напредува. „Додека Џејмс Нортон продолжува да биде главен фаворит на фановите, во последните неколку дена забележавме доста голем интерес за Ејдан Тарнер“.

Британецот Даниел Крејг повеќе нема да ја игра улогата на легендарниот Бонд. Последен пат во смокингот на 007 ќе го гледаме во најновиот „Не е време за умирање“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џенифер Лопез го спомна Афлек првпат по гласините за развод

Чарлс побогат од кралицата Елизабета: внимателно управувал со своите финансии по добивањето развод од принцезата Дијана

Сапунот од кокос – благотворен против комарци