Утрински Весник
Македонија

ИРИ: Заев ужива најголема доверба меѓу граѓаните во земјава

ИРИ: Заев ужива најголема доверба меѓу граѓаните во земјава

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Според истражувањето спроведено на регионално ниво од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), претседателот на СДСМ Зоран Заев ужива поголема доверба од граѓаните, наспроти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прашањето на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, осум проценти од испитаниците во земјава одговориле „на Зоран Заев“, а втор на листата е Христијан Мицкоски со седум отсто.

Според истражувањето, поранешниот премиер Никола Груевски е на третото место со два отсто доверба кај граѓаните. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села уживаат исто ниво на доверба од два проценти.

Меѓу институциите, најголема доверба уживаат религиозните институции и Армијата. Во конкуренција на шефот на државата, премиерот и опозицијата, најдобро стои претседателот, а премиерската канцеларија и опозицијата имаат слична поддршка.

Истражувањето е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина меѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците се собрани преку интервјуа „лице в лице“. мс/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?