Утрински Весник
Свет

Иран ја повикува Саудиска Арабија да се вклучи во директни разговори

Иран ја повикува Саудиска Арабија да се вклучи во директни разговори
Img 5587

Иран ја повика Саудиска Арабија да се вклучи во директни разговори за решавање на тековните проблеми меѓу двете земји без вклучување на трета страна, изјави вчера портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде.

Според иранската агенција „Фарсњуз“, Хатибзаде изјавил: „Жалам што Ријад сè уште нема собрано храброст да води дијалог надвор од доменот на трансрегионалните сили. Ријад сè уште гледа кон другите престолнини надвор од регионот“.

Ss1

Ова се случува во момент кога Саудиска Арабија бара да се вклучи во разговорите меѓу Иран и Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија во Виена што треба да почнат денес.

Во врска со одговорот на неговата земја на барањето на Саудијска Арабија, Хатибзаде рече: „Позицијата на Саудиска Арабија во врска со нуклеарниот договор е добро позната и таа спроведе деструктивни мерки за време на преговорите. Ја советуваме Саудиска Арабија да се врати на регионалните разговори.“

Во меѓувреме, тој додаде:

„Агендата на состанокот во Виена е укинување на суровите санкции на САД кон Иран и како да се исполнат обврските на нуклеарниот договор. Сите санкции треба да бидат укинати. За возврат, Иран е подготвен да ги суспендира своите помошни мерки и да ги прекине преземените активности.“

САД воведоа досега невидени санкции за Исламската Република во 2018 година откако претседателот Доналд Трамп го повлече Вашингтон од нуклеарниот договор во 2015 година.

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години