Утрински Весник
Спорт

Интер со луд пресврт го победи Емполи

Италијанскиот првак Интер играше хазардерски против Емполи на „Џузепе Меаца“. Тимот на Симоне Инзаги дозволи да губи со 0:2, но сепак успеа на крајот да триумфира (4:2) и во овој момент да се искачи на првото место на табелата во Серија А.

Андреа Пинамонти во петтата минута најави изненадување, а Кристјан Аслани зголеми на 0:2 во 28. минута.

Интер потоа тргна фуриозно кон голот на ривалот и за пет минути израмни. Во 40. минута Ромањоли си постигна автогол, а пет минути подоцна Лаутаро Мартинез израмни на 2:2.

Аргентинецот беше расположен за игра и во вториот дел го постигна победничкиот гол за Интер во 64. минута од дуелот. Алексис Санчез во судиското продолжение само го потврди триумфот.

> Интер со луд пресврт го победи Емполи <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен