Утрински Весник
Спорт

Интер сака да го продолжи изнајмувањето на Санчез до крајот на сезоната

Никој не го сака Алексис Санчез заради високата плата

Милано, 1 јуни 2020 (МИА) – Калчолигашот Интер сака да го продолжи договорот за закуп со напаѓачот Алексис Санчез.

Според  „Sky Sports“, тимот од Милано се подготвени да го задржат 31-годишниот Чилеанец изнајмен од Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, која беше суспендиран поради пандемијата на коронавирус.

Претходно Интер го продолжи закупот на уште еден играч на Манчестер јунајтед – дефанзивецот Ешли Јанг.

Оваа сезона, Санчез има одиграно 15 натпревари на сите турнири во кои постигна еден гол и направи две асистенции. Напаѓачот го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пораз на Денвер во Феникс – Дурент го запре Јокиќ

Истанбул ќе биде домаќин на Европските игри во 2027 година

Бекер му честиташе на Иванишевиќ