Утрински Весник
Спорт

Интер бара за Лаутаро 90 милиони евра и играч, последната понуда на Барса е 60 ​​милиони плус Видал и Семедо

Барса ги нуди Семедо, Видал и 70 милиони евра за Лаутаро Мартинез

Милано, 2 јуни 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски шампион Барселона не престанува со обидите да се стекне со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

„Неро-азурите“ се подготвени да го ослободат Аргентинецот за 90 милиони плус еден играч (веројатно, Јуниор Фирпо).

Од друга страна, последен предлог на каталонскиот клуб е 60 милиони плус Артуро Видал и Нелсон Семедо. Оваа понуда Интер ја одби, изјави новинарот Николо Скира.

Претходно се дозна дека Барселона веќе се договорила со агентите на Лаутаро за плата од 12 милиони евра годишно, плус бонуси. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп