Утрински Весник
Македонија

Извршени контроли во 2.184 угостителски објекти, 24 не ги почитувале мерките

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, дозволено максимум четири лица на една маса

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат досега извршиле контроли на вкупно 2.184 угостителски објекти, при што констатирано е дека 24 не ги спроведуваат одлуките на Владата.

Од вкупниот број контроли, 1.573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник). Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат, стои во соопштението.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителските објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври