Утрински Весник
Свет

Интерпол предупредува на опасноста од фалсификувани вакцини

Интерпол предупредува на опасноста од фалсификувани вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е наведено, може да има обиди да се пласираат лажни, фалсификувани вакцини на пазарот.

Интерпол исто така објави дека е издадено глобално предупредување во 194 земји членки на оваа организација, со препорака да се подготват за таквата можност и оперативно, на терен и на виртуелната мрежа, објави „Ројтерс“.

Предупредувањето се однесува и на можните обиди преку глобалната интернет-мрежа да се најдат лажни терапии кои би можеле да го загрозат здравјето и животот на луѓето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија