Утрински Весник
Македонија

(Интервју) Александар Николоски: Бројката што ќе излезе на големиот митинг ќе биде доволна порака до власта

Наместо дијалог на маса ние добивме во најлоша смисла на зборот едно балканско мачовистичко одбивање на нашиот предлог и немаме друг избор освен да го правиме ова што го правиме, а тоа се активни блокади во Собранието и голем сенароден протест на 18 јуни, вели во интервју за „Макфакс“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Најави дека ова ќе биде најголемиот протестен собир кој е виден во Македонија во последната декада.

„Секако дека ќе има и други чекори во следниот период но главен фокус е големиот протестен митинг после кој што јас очекувам дека конечно со власта ќе седнеме и ќе ги договориме работите за кои што зборуваме, пред се, за датум за предвремени избори“, вели Николоски.

Потенцира дека за прв пат со овој претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква комуникација.

Николоски во интервјуто нагласува дека не е оптимист за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Сега имам чувство дека Бугарија им служи само како изговор на неколку зермји членки на ЕУ, пред се од помоќните, кои не се убедени дека Македонија треба да почне преговори со ЕУ. Да има друга одлука, еден дипломатски тешкаш ќе отиде во Софија и ќе си ја заврши работата. Тоа од друга страна покажува дека нема доволно притисок врз Бугарија“, оценува Николоски.

Појаснува дека идеjата на францускиот претседател Емануел Макрон за „паралелна европска заедница“ е многу лоша.

„Идејата на Макрон за нас е многу лоша. Не е симпатично за Македонија да е во друштво на Косово, БиХ, Албанија, Србија, Молдавија, Грузија и Украина,“ рече Николоски.

За актуелните снимки од Собранието и однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери, за тактиките на помалите политички партии, дали е надминато минатото и расколот во ВМРО-ДПМНЕ, одговара потпретседателот на најголемата опозициска партија, Александар Николоски.

Можете да прочитате

Изречена казна затвор од една година во првата осудителна пресуда во Македонија за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација 

Приведен арамија од Кочани кој признал седум кривични дела и вратил дел од украдените предмети

Приведен крадец во Кавадарци