Утрински Весник
Магазин

Интервјуто на Опра со принцот Хри и Меган ја губи трката за „Еми“

Интервјуто на Опра со принцот Хри и Меган ја губи трката за „Еми“

Експлозивното ТВ интервју на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган загуби на Creative Arts Emmys (Еми-награди за креативни уметности) од серија за италијанска храна и култура.

Двочасовниот разговор на Винфри со Хари и Меган во март предизвика шокови низ британската монархија кога Меган го обвини кралското семејство дека искажало загриженост за тоа колку ќе биде темна кожата на првото дете на парот и дека стресот на животот како кралски младенци ја донел до работ на самоубиство.

Тоа беше прво телевизиско интервју дадено од парот по нивната одлука во почетокот на 2020 година да ги напуштат кралските должности и да се преселат во Калифорнија, а во првите три дена го гледаа повеќе од 49 милиони луѓе ширум светот, објави телевизијата Си-би -ес.

Винфри и нејзиниот тим беа номинирани за наградата „Еми“ – најголема почест на американската телевизија – во категоријата хостиран документарен серијал, но ги победи актерот Стенли Тучи со серијата за патување и храна Searching for Italy (Во потрага по Италија).

Ниту Хари ниту Меган не присуствуваа на скромната церемонија на наградите за креативни уметности во неделата на 12 септември, кoja што му претходи на главното доделување на наградите „Еми“ следната недела.

Можете да прочитате

Во Скопје утре прв „Dog Fest”

Студија покажа колку е подобро работењето од дома за здравјето на работниците

Слика на Клод Моне е продадена за речиси 35 милиони долари на аукција