Утрински Весник
Магазин

Инстаграм тестира опција за подолги видеа во приказните

Инстаграм тестира опција за подолги видеа во приказните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Инстаграм започна лајф-тест на видеа од 60 секунди во Stories, што ќе значи дека подолгите видео снимки повеќе нема да се делат на сегменти од 15 секунди и да се репродуцираат во различни рамки.

Опцијата моментално се тестира со мала група корисници, со цел да се обезбеди поголема креативна слобода и интеграција на различните видео опции на апликацијата за да се поедностават нејзините креативни алатки и функции.

Експертот за социјални мрежи, Мет Навара, на својот профил на Твитер објави дека се најавува голема промена во врска со „Инстаграм сторис“.

Според Навара, оваа социјална мрежа за споделување фотографии воведува ново времетраење на Instagram Story и тие сега ќе можат да траат до 60 секунди, а подолгите приказни повеќе нема да може да се делат на сегменти.

„Инстаграм воведува приказни од 60 секунди“, твитна Навара, а објавата брзо почна да се шири на социјалните мрежи. Иако промената сигурно ќе ги воодушеви креаторите на дигитална содржина, многумина веќе ја искритикуваа.

„Боже, едвај ги издржувам и тие 15 секунди“, „Се надевам дека ќе има опција за забрзување“, „Не, ова е предолго, можеби триесет секунди би било идеално“, напишаа твитерџии.

Можете да прочитате

Папата Лав го доби најсофистицираниот „Папамобил“ досега

„Тажен кактус“: Норвешка ја брани елката-подарок во Лондон

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година