Утрински Весник
Магазин

„Инстаграм“ тестира нова опција

„Инстаграм“ тестира нова опција

Социјалната мрежа за споделување фотографии и видеа започна со тестирање на опцијата за приватни лајкови на приказни (Инстаграм-стори), но моментално ограничен број на корисници ја имаат оваа опција.

„Инстаграм“ потврди дека оваа функција не е широко достапна и дека е видлива за помал број корисници во оваа фаза, и додаде дека конечниот број на лајкови е видлив само за тие што ја објавила приказната и не сакаат оваа нотификација да биде јавна.

„Секогаш работиме на начини да помогнеме во поврзувањето на луѓето. Ги тестираме лајковите на приказните, а тоа е начин луѓето да реагираат на приказните, а реакцијата да е видлива само за авторите“, изјави за TechCrunch портпаролот на „Инстаграм“.

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години