Утрински Весник
Македонија

Инкасатор од Неготино трошел пари од наплата на сметки, негови колеги го потпомагале

„Југо“ удри во бетонска ограда и се преврте во Ѓорче Петров, тројца повредени
Ss2

Службено лице инкасатор од Неготино се служело со парите што ги зел при наплата на сметки од граѓаните.

Предизвикал материјална штета од 250.631 денар, информираат од МВР.

Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против лицето С. Л. (46) од Неготино, службено лице инкасатор, поради сомнение за сторено кривично дело послужување во службата, С. Д. (44) од Неготино, раководител на административното одделение, и М. А. (60) од Велес, одговорен благајник, вработени во ЈПКР „Бошава“ – Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, додаваат од ресорното Министерство.

Од таму објаснуваат дека првопријавениот, во периодот од 2019 до декември 2020 година, кај себе чувал наплатени сметки и не доставени од повеќе корисници, кои не ги предал во разумен временски период и неовластено се послужил со парични средства што ги наплаќал од корисници – физички лица на претпријатието за комунални услуги користејќи ги за сопствени цели.

С. Д. и М. А. со искористување на својата положба и овластувањата и со неизвршување службени должности во ЈПКР го потпомагале првопријавениот, со што на претпријатието му предизвикале материјална штета од 250.631 денар.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи Неготино и Кавадарци подготвени за изборите на 8 мај

Битиќи: Шесте столба во нашата програма зборуваат за европски стандард на живеење пред Македонија да стане полноправна членка во ЕУ

Битиќи: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот