Утрински Весник
Спорт

Иниеста: На Гризман му треба време да се прилагоди, исто како и на Де Јонг

Иниеста: На Гризман му треба време да се прилагоди, исто како и на Де Јонг

Барселона, 17 април 2020 (МИА) – Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека на напаѓачот на каталонскиот тим Антоан Гриезман му треба време за да се адаптира.

– Гризман и Френки де Јонг се во иста позиција. На Антоан, како и на Френки, му треба време, исто како и секој новодојденец кој се придружува во тимот секоја година. Гризман е огромен талент, тој ќе успее и ќе најде место во тимот, за кого не е така лесно да се игра, изјави Иниеста.

Дваесет и деветгодишниот Гриезман се пресели во Барселона од Атлетико за 120 милиони евра летото 2019 година.

До прекинот на сезоната 2019/20 година, Французинот постигна 14 гола и забележа асистенции на 37 натпревари за Каталонците. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал