Утрински Весник
Македонија

Општина Чашка подели 20 хуманитарни пакети со храна

Општина Чашка подели 20 хуманитарни пакети со храна

Велес, 17 април 2020 (МИА) – Општина Чашка за изминативе три дена достави до нивните домови и им подели 20 пакети со храна на социјално ранливи категории на граѓани и семејства во селата Богомила, Чашка, Бањица, Мелница, Горно и Долно Јаболчиште. Пакетите се обезбедени во соработка со Општинскиот Кризен штаб на Велес.

Како што информира за МИА, Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка, а  кој исто така е вклучен во делење на пакетите  на терен во наредната недела треба да се поделат уште 20 хуманитарни пакети и за жителите од останатите села од Општина Чашка.

– Пакетите ги делиме  на оние на кои се од социјално најранливите категории на граѓани. Апелирам до фирмите и граѓаните  кои се во можност  во овие тешки денови на криза да се вклучат и да донираат хуманитарна помош..Да си помагаме еден на друг, да ја покажеме хуманост и солидарноста на дело, порачува Стојановски. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Непотизам – братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Професор Димов: Иловица има потенцијал што Европа веќе знае како да го развива 

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци